Два физички напади во Штип, жена нападната од сосетката и маж при недоразбирање во сообраќајот

Два физички напади се случиле во текот на вчерашниот ден на територија на СВР Штип, во првиот жена била физички нападната од сосетката, а во вториот маж бил нападнат при недоразбирање во сообраќајот.

На 12.10.2024 во 21.16 часот во СВР Штип, К.М.(42) од Штип пријавила дека пред станбена зграда во Штип била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 22.33 часот во СВР Штип, Е.Т.(49) од Штип пријавил дека на ул.„Никола Карев“ во Штип, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Н.К.(37) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.