Дарко Алексовски – Пеле реагира: Дете сум на Брегалница, се чувствувам многу понижен од матичниот клуб

По разделбата на Дарко Алексовски – Пеле со второлигашот Брегалница, искусниот фудбалер преку своја изјава реагираше за тоа како што вели дека бил понижен од клубот иако е дете на Брегалница.

Тој со своето соопштение сакал да ја запознае спортската јавност.

„Вакво нешто не очекував од големите стручњаци, тренинг немам пропуштено, по мирен никогаш не сум бил на тренинг и на натпревари. Прифатив и резерва да бидам без да барам објаснување од стручњаците зошто не играм или зошто играм малку. По вторпат доживеам од ФК Брегалница да биде ослободен без причина. Пред 17 години и сега. Секогаш каде и да сум играл сум давал резултати, сум бил ценет секаде, само овде не. Дете сум на Брегалница, се чувствувам многу понижен од матичниот клуб како гром од ведно небо дојде оваа информација, после ова не можам да и посакам се најдобро на Брегалница, многу дрско од нивна страна, Господ е голем. Од моја страна се е чесно и поштено, од нивна страна си го покажаа лицето, лицемерија и голема злоба има во нив од прв до последен. Пеле играл и пак ќе игра, но вашиот начин на кој ме третиравте овие пет месеци, арам да вие и ќе ја платите цената. Нема ни да бидете свесни, времето ќе покаже какви резултати ќе направете во иднина. Никога немам коментирано или статус пишувано, но после ова осеќам дека треба да биде запознаена спортската јавност“, напиша фудбалерот Дарко Алексовски, кој во спортската јавноста е познат како Пеле.

Популарниот Пеле сега е слободен да ја продолжи кариерата во нова средина.