
Борец е во длабока резултатска криза и со пет бодови се наоѓа на претпоследното место на табелата кое води кон директно испаѓање во Трета лига.
Вчера Борец загуби од Вардар Неготино со 1:2, а тоа се рефлектираше со спогодбена разделба на тренерот Даниел Стојановски и клубот, од каде му се заблагодарија за досегашната соработка.
Откако Стојановски го превзема Борец кој имаше нула бодови на своето конто, младиот стратег запиша една победа и две ремија и собра пет бодови.
Во следното коло Борец на домашен терен ќе игра против апсолутниот фаворит Македонија ЃП!
Александар Ванев, М-Нет