
На 47 та одржана седница на Советот на Општина Штип, се дискутираше за 20 точки од дневниот ред. Со присуство на советници и од позицијата и од опозицјата имаше доста предлози, дискусии и коментари. Осмата точка на дневниот ред, Предлог програма за поставување на спортска сала со бруто површина од 1500 метри квадратни, во населбата 8ми ноември во Штип привлече најголемо внимание.
„По барање на Општина Штип се изработи програма за поставување на спортска сала со бруто површина до 1500 метри квадратни. Локацијата е близу основнотп училиште „Тошо Арсов“, и истата не е случајно одбрана таму, првенствено заради близината на училиштето и изградената инфраструктура“ – истакна Викторија Атанасова.
И советниците од СДСМ и повеќето од ВМРО ДПМНЕ немаа ништо против изградбата на спортска сала. Спорна беше локација. Зошто токму во населбата 8ми ноември каде има зеленило, парки и пешачка патека?
Советниците од владејачкото мнозинство пак со прашање за површината на спортската сала и околното место наменесто за зеленило, дополнително ја разгореа ситуацијата.
Препукувањата продолжија до крај на дискусија по оваа точка. Претседателката на Советот, Маријана Рогожарска, посочи дека во последните 4 години за прв пат се наоѓа на дневен ред и оправдани се дискусиите. Пред паузата од 15 минути се изгласа со 13 гласа за, 4 против и 3 воздржани.
Лаура Стојанова М-Нет