Давид Атанаскоски е нов фудбалер на романски Јаши

Левиот бек Давид Атанаскоски е нов фудбалер на романскиот тим Јаши, а во Романија доаѓа од редовите на албанскиот тим Партизани.

27-годишникот денес го официјализираше трансферот, со што Атанаскоски во новата сезона ќе го носи дресот на Јаши, а со тоа романскиот шампионат е побогат со уште еден македонски интернационалец.

Во својата кариера Атанаскоски има настапувано за Македонија ЃП, Брера Струмица, Хоризонт Турново и Тетекс на домашната сцена, во странство настапуваше за Партизани од Албанија, како и за Шахтер Караганди од Казахстан.

Оваа сезона Атанасоски во дресот на Партизани одигра вкупно 44 натпревари, постигна еден гол, а имаше и три асистенции. Вкупно во неговиот престој во албанскиот тим имаше 81 настап, а постигна два погодоци.

Александар Ванев, М-Нет