
Проблемите на земјоделците не стивнуваат. Оризопроизводителите со барања до Министерството за земјоделие, за зголемување на цената на оризот, навремено чистење на каналите за наводнување, бидејќи оризот е култура која бара подолг временски период за вегетација, односно 160 дена за производство на високо квалитетен ориз како и исплаќање на субвенциите чиј договор бил да бидат пуштени до крајот на декември минатата година. Во спротивно најавуваат штрајк и блокирање на патниот правец Кочани Штип.
Земјоделците незадоволството не го сокриваат, бидејќи со она што им се нуди моментално мораат да ги намалат хектарите земја за одгледување на ориз. Цената катастрофална.
Цената на оризот е падната односно се движи од 37 до 41 денар, што е неисплатливо за произведувачите на ориз. За споредба пола килограм ориз купен од продавница е околу 60 денари.
Земјоделците разочарани дека остануваат последната гранка за која никој не води сметка. Проблемот не се јавува само кај оризопроизводителите, туку на удар на незадоволство се и тутунарите, произведувачите на јаболка.
Лаура Стојанова М-Нет