Да не се остава храна на гробиштата, туку таа да се даде на гладните – свештениците со добронамерна порака пред Задушница

Наместо да се остава храна по гробиштата, подобро е таа да се подари на сиромашните, порача протоереј-ставрофор Добрица Јанев во очи Митровденска задушница Тој вели дека храната таму не им користи ниту на покојните, ниту на живите, напротив создава неред. Подоцна се собираат кучиња, кои храната ја газат, јадат и ги поганат гробиштата. Наместо торби со јадења, тој повикува на молитва и хуманост. „Помалку по гробиштата, повеќе за сиромашните“- е пораката која, според Јанев, е вистинската смисла на верата.

,,Има во светото писмо дел, кои што се вели да се раздаде за покој на душата од имотот на покојниот, ама на сиромаси. Е сега со текот на времето нашиот народ сакајки или не го има тоа и претерано, па носиме разноразни јадења по гробиштата, а тоа не е потребно. Доволно е да му дадеме на некому, бидејики сите ние знаеме дека кај нас во околината кај што живееме имаме по некој сиромашни семејства, подобро ќе биде на нив да им купиме храна, него ли да се раздава по гробиштат и остава на гробот, па кучиња после газат, јадат и ги поганат гробиштата. Апелирам до нашите христијани, ајде во ред е да се раздаде, ама нека биде симобично, нека биде колку што е можно помалку на гробиштата, а повеќе храната да ја раздадиме на оние на кои што им треба.”, кажа Јанев

Иако свештениците се водат според црковниот типик и пропишаните правила, сепак граѓаните велат дека ги почитуваат и народните обичаи. Денеска раздаваат посна храна, најчесто локум и лепче, а утре, бидејќи е сабота, и мрсна храна.

Инаку митровденска задушница се одбележува секогаш во петок попладне и сабота пред празникот Митровден. Во овие двадена граѓаните се потсетуваат на починатитите и се молат за нивен мир во вечниот живот.

Иван Митев, М-Нет