,,Гушнете ги најблиските и кажете им дека ги сакате“, порача првиот пациент вратен од лекување

Во добра здравствена состојба пристигна првиот пациент Дарко Стојанов, кој беше еден од повредените во трагедијата во кочанската дискотека. Топло беше пречекај вчера од министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој посебно го изразија своето задоволство од неговото закрепнување. Како што соопштува Стојанов на социјалните мрежни, неговите деца сеуште имаат татко, упатувајки голема благодарност кон сите институции кои беа вклучени во организирањето за неговото лечење во Србија, како и на сите оние, кој сиве овие денови му дадоа огромна поддршка. Со пораката ,, ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ.”, утринава тој донесе насмевка на многу лица.

,,Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.”, соопштува Стојанов на својот профл

Она што тој особено посака е што побрзу закрепнување на сите кои се повредени и што побро да ги гушнат своите сакани. Како што и тој вели во објавата оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ги отвори очите на луѓето

Иван Митев, М-Нет