
По седум одиграни кола на врвот од табелата во Првата ракометна лига е навистина густо, три екипи се израмнети со по 11 бодови односно Пролет, Драчево Јуниор и Вардар Неготино.
Трката за првото место кое води кон влез во Суперлигата, како и второто место кое води баражот за елитата ќе биде навистина неизвесна.
На делба на четвртото место се Македонија ЃП и Радовиш, а двете екипи имаат по девет бода. На дела на шестото место се дури три екипи Овче Поле како шести, Аеродром како седми и Текстилец УГД како осми со по осум бодови.
Штипскиот клуб кој имаше одлично отварање на сезоната со четири победи во низа, сега е во резултатска криза со три порази во низа, со што тимот заврши во средината од табелата.
На делба на деветтата позиција се екипите на Илинден и Партизан кои имаат по шест бода, а пак Преспа е на 11. место со пет бодови. Јехона е место подолу со бод помалку, на претпоследното место е Шампион со само два бода, а на дното е Сокол Саса од Македонска Каменица, како единствен тим без бодови.
Александар Ванев, М-Нет