
Премиерата на театарската комедија „Власт“ во изведба на актерите од штипскиот театар проследена со огромен аплауз. „Дај му власт на човека за да видиш тие околу него какви се“ е пристапот и концептот кој беше појдовна точка на ова театарско дело. Апсолутно актуелната тематика на овој класичен текст на Бранислав Нушиќ ја привлече публиката да дојде во голем број и притоа да го следи драмското дејство до последниот миг.
Претставата се поставува во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик“, а текст на врвниот Нушиќ на штипската театарската сцена се поставува по петнаесетина години. Ова е трета премиера на Театарот годинава, а со истата се завршува полусезоната на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип. Во претставата учествуваат вработени и невработени актери избрани преку аудиција, а режисерската палка е во рацете на Ѓорѓи Ризески.
Оние коишто ја пропуштија премиерата, може да ги погледнат репризните изданија на 20. и 28 јуни, коишто ќе бидат последни за оваа сезона. Претставата започнува во 20:00 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.
Ребека Спасова М-Нет