
Градоначалникот Иван Јорданов вечерва сплотен со своите сограѓани ќе ја дочека новата година на шеталиштето Ванчо Прќе во Штип. Со подготвена програма за сечии вкус, тој топло ги повика граѓаните и да уживаат и ја дочекаат во добро расположение новата 2025 година. Воедно на сите посака здравје, многу успех, бериќет и среќа која е неопходна за луѓето.
“Вечерва заедно со моите сограѓани во центарот на градот, за дочекот на новата ќе бидам на шеталиштето Ванчо Прќе и еве отворено ги повикувам сите наши сограѓани да ни се придружат и вечерва заедно да со добра забава и музика ја испратиме старата 2024 и да ја дочекаме 2025 со желба за многу успех, здравје, бериќет и нормално среќа во 2025 година.“, истакна Јорданов
Инаку, вечерва со почеток од 21 часот на шеталиштето во штип ќе настап познати имиња и бендови од градот, а истата програма ќе пружи можност сите да уживаат и забавуваат.
Лаура Стојанова, М-Нет