Филип Алексовски е ново засилување за Башкими

Второлигашот Башкими го промовираше Филип Алексовски како ново зимско засилување за пролетниот дел од Втората лига, каде Башкими ќе води борба за влез во Првата лига.

24-годишникот во Башкими доаѓа од редовите на прволигашот Беса од Добри Дол, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Македонија ЃП и Кораби од Дебар. Алексовски ги има поминато репрезентациите на Македонија до 18 и 21 година.

Претходно, Башкими се засили со Аљбан Мемеди и голманот Амир Јашар.

Александар Ванев, М-Нет