
Три и пол години работа за Штип, а ниту еден позитивен коментар од опозицијата. Градоначалникот Иван Јорданов жестоко одговори на нападите од опозицијата, изразувајќи разочарување поради фактот што, и покрај напорната работа во последните три и пол години, не добил ниту еден позитивен коментар за постигнатите резултати, а секогаш критика.
,,Како се доближуваат изборите сведоци сме дека на дневно нивна основа се излегува во јавност се коментира и критикуваат активностите проблемите на граѓаните и сетоа она што е наше секојдневие. Јас сум три ипол години градоначалник и во овие три ипол години работим секојдневно на различно позиции и проекти одклонувајќи и решавајки проблеми кои што се над 50 години. Најмалку што очекував од страна на раководството на социо демократскиот сојуз е д биде коректор на власта но и да искоментира во позитивна насока барем еден проект во овие три ипол години, кои што на дневна основа го работиме. Сигурно дека во три ипол години ајмалку еден проект заслуживме да биде позитивно искоментриан.“, рече Јорданов
Јорданов рече дека најмалку што може да направи е до крајот на неговиот мандат како градоначалник да вложува во градт. Рече дека ги остава тие да реагираат со критика, а тој со со работа.
Инаку, Градоначалникот Јорданов не ги крие своите разочарувања, но нагласува дека ќе продолжи да работи со истата посветеност и енергија, без разлика на политичките противречности.
Иван Митев, М-Нет