Град Скопје со финансиска помош за Венецуела, објави Ѓорѓиевски

Град Скопје ќе додели финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски:

„Град Скопје со помош за Венецуела – Скопје, град на солидарноста!
Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес.
Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна“.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје, додава во објавата Ѓорѓиевски, не остана само.

„Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела.
Тоа Скопје не го заборава.
Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка.
Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти.
Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела.
Затоа Скопје денес е светски град.
Скопје памети.
Скопје сочувствува.
Скопје помага“, напиша скопскиот градоначалник..

Текстот Град Скопје со финансиска помош за Венецуела, објави Ѓорѓиевски е превземен од МАКФАКС.