
Силекс одигра одличен натпревар во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со убедливи 4:0 ја приземји амбициозната Брера која сака да атакува оваа сезона за излез во Европа.
Натпреварот го одбележа хет-трикот на Марко Ѓорѓиевски кој беше расположен да ја треси мрежата на струмичани, а стрелец на првиот гол беше повраникот Дарко Додев.

Штипјани и во новата сезона ќе следат прволигашки фудбал откако одлучи Гостивар домашните натпревари да ги игра на Градскиот стадион во Штип, откако истиот беше пријавен како алтернативен терен, додека трае санацијата на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
Токму на Градски во Штип екипата на Гостивар со 2:0 славеше над Шкупи, со двата гола на Алпер Потук во 36. и 40. минута, од кој првиот беше постигнат од белата точка.
Освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш со двата гола на Едиз Спахиу во првиот и втор дел од мечот, а пак Абдулхади Јахја постигна гол во 76. минута за конечни 2:1.
Шкендија и Работнички ремизираа во Тетово играјќи 1:1 во меч каде Дин Аломеровиќ си постигна комичен автогол во 26. минута за водство на Шкендија, а во вториот дел Атдхе Мазари постигна гол за конечни 1:1 и поделба на „пленот“.
Шампионот Струга Трим Лум со минимални 1:0 го доби дуелот мечот со новајлијата Беса, а стрелец на победничкиот гол беше Сава Радич во 49. минута.
Од 20 часот започнува „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер со што ќе се комплетира 2. коло од Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет