
Вчера беше одиграни вонредното 19. коло на Трета лига – Југ, а каде лидерот Големо Коњари забележа убедлива победа од 7:1 над некогашниот второлигаш Росоман.
Во меч на тотална доминација лидерот на табелата не виде воопшто мака и запиша висока и убедлива победа на патот кон баражот за Втора лига.
Екипата на Превалец со 1:4 го декласираше тимот на Венец во Долни Дисан и така стигна до нова победа со која ја продолжува борбата за првото место на табелата и баражот за Втора лига. Гостинот на овој меч лесно стигна до трите бодови.
Младост од Кривогаштани со 1:2 забележа победа над тимот на Питу Гули со шти трите бодови заминуваат на контото на тимот од Кривогаштани кој сака сезоната да ја заврши на третото место.
Дреново со убедливи 5:1 забележа победа над екипата на Бучин, додека пак Влазними Јуниор и Ултрас ремизираа играјќи меч со десет гола за 5:5.
Лидер на табелата Големо Коњари со 41 бод на своето конто, но има меч помалку во однос на Превалец кој е втор со 38 бодови и овие две екипи ја продолжуваат борбата за првото место и баражот за можен влез во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет