Големо дерби на Охрид и непоразениот Алкалоид, Куманово домаќин на Радовиш!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

По завршувањето на репрезентативната пауза викендот продолжуваат натпреварите во ракометната Суперлига. Во рамки на 11. коло кое ќе биде отворено вечерва во Битола, шампионот Еурофарм Пелистер како голем фаворит ќе го пречека тимот на Прилеп.

Утре на домашен терен Струга ќе има претежок натпревар против апсолутниот фаворит Вардар, додека пак Куманово на свој терен ќе се соочи против Радовиш во меч каде домашниот тим сака трета победа, а пак радовишани ќе ја бараат само првата радост.

Дебитантот Бисинов од Велес ќе го пречека тимот на Тиквеш, каде гостинот од Кавадарци ќе биде фаворит за петтиот триумф со што тимот на Кристијан Грчевски ќе го потврдува местото за плеј-оф.

Пролет на домашен терен ќе игра скопсо дерби со Бутел, додека пак супер-дербито на колото се игра во „Билјанини Извори“ каде Охрид го пречекува непоразениот лидер Алкалоид.

Александар Ванев, М-Нет