
Младите штипски пливачи Методи Георгиев и Ивона Наумова забележаа нови големи успеси, притоа се закитија и со медали.
Пливачите на штипскиот пливачки клуб Челични освоија два сребрени и еден бронзен медал на Меѓународниот пливачки митинг „Орион Куп мини“ во Скопје.
Методи Георгиев освои бронзен медал во категоријата 100 делфин, додека пак во категоријата 50 слободно заврши на четвртото место.
Ивона Наумова освои два сребрени медали, во категорија 50 делфин и категорија 100 делфин.
Младите пливачи продолжуваат со нивните успеси и редовно од сите натпревари се враќаат со медали.
Александар Ванев, М-Нет