
Голема полициска акција утринава на повеќе локации низ државата, против нарко-подземјето .
Со засилено присуство и специјални единици на терен, претреси се спроведуваат во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец.
Според неофицијални информации, акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
На удар е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица.
Неофицијално, меѓу приведените се споменуваат и лица познати во криминалните кругови, но од институциите засега нема официјална потврда.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Иван Митев, М-Нет