
Голема поддршка дадоа граѓани на Штип за законските измени за забрана за употребата на пиротехнички средства во затворен простор, како и воведувањето на строги казни за сите барови и дискотеки, кои ќе овозможат присуство на малолетни лица по 24 часот. Анкетираните децидни дека само строг систем и казни ќе создадат ред и голема свесност кај луѓето. Силно веруваат дека надж има, а правдата пополека доага.
Анкетираните велат дека веруваат во промените, затоа што како што велат до сега само гледале голема неправдина.
Во согласност со ситуацијата казните за барови и дискотеки кои што ќе овозможат присуство на малолетниците во моментов се движат од 50 до 10.000 евра. Со законските измени, во членот 31 се додава уште еден став со кој се забранува употреба на пиротехнички средства во затворен простор. За физичките лица кои ќе го прекршат овој закон ќе се изрече парична казна од 200 до 250 евра. За правното лице, без разлика дали станува збор за дискотеки или ресторани, казните ќе се движат од 1.000 до 10.000 евра во зависност од тоа дали станува збор за мали или големи трговци. За истото судот може да изрече санкција забрана за вршење на дејноста во траење од три месеци до две години.
Иван Митев, М-Нет