
Македонската фудбалска репрезентација запиша важна и голема победа од 0:2 над Летонија во Рига во рамки на 3. коло од Лигата на нации во група Ц.
Одлично прво полувреме на избраниците на селекторот Благоја Милевска, кога во финишот на мечот од многу шанси Јани Атанасов успеа да реализира за 0:1 на полувреме.
Во вториот дел од натпреварот Летонија тргна одлично правеше притисок, креираше шанси пред голот на Столе Димитриевски, а потоа во една ситуција нововлезениот Лирим Ќамили успеа да погоди за 0:2, а за него ова беше деби гол во репрезентативниот дрес.
Во финишот од мечот Македонија започна со шанси, а по една топка која Барди ја носеше напред пред шеснаесетникот се одби од домашните фудбалери по што Елмас одлично ја зафати и постигна атрактивен гол за конечни 0:3.
Македонија сега има седум бодови на своето конто, а Летонија останува на три бода, а вечерва ќе играат Фарски Острови и Ерменија по што ќе го имаме конечниот изглед на табелата. Во недела Македонија ќе игра против Ерменија во Ереван.
Александар Ванев, М-Нет