
На предвелигденскиот петочки пазар во Штип, тезгите беа преплавени со купувачи на разни овошја и салати. Граѓаните велат дека цените варираат, за некои се прифатливи, а за други се уште се високи, зависно од примањата. Дел од производите, како краставиците, пиперките и патлиџаните, се нудат со попуст, што привлекува уште повеќе купувачи. Најбарани остануваат традиционалните намирници за празничната трпеза, особено марулата, младиот кромид кои како што велат анкетираните, најбарани се бидејќи се и состојќи во „Велигденската салата“, во која главна состојка се јајцата.
„Од се по нешто, зелка, моркови, краставички, кромидче, се купивме. Се што ни треба. Цените, за кого се скапи, се скапи. Тој што има големи примања, нема проблем. Тој што има мали примања, за него е скапо. А има и поевтини работи, има и за посиромаси и за побогати. Важно пазарот е снабден, свежа роба има, тоа е најбитно, има свежа роба. Пиперот, пиперот е поскапен многу, беше 180/200 сега 250/260, тоа е поскапнато, другото е нормално како што беше.“
„Зелка, краставици, патлиџани и тоа по намалени цени, за разлика од куќаните овде е поевтинко. Многу работи земав, краставици, зелки, јаболки, спанак, тикви, се има во торбата. Ја наполнив и ќе си одам сега, доста е. Не правиме салата, убава салата, велигденска, марула и јајца и кромидче младо.“
„Па види, попустот, тука некаде. 180, 130, 140 днери, 140 денари ги земав краставиците. Не е толку многу како што се зборува.“
Земјоделците се фалат и со нови производи, кои како што велат тие од денес ќе ги наоѓаме секој петок на нивното пазарче
„Цените се исти како и минатиот петок, нема покачено ништо. Ајсбергот ми е нов производ, сега го донесувам и ќе го имам натаму редовно. Многу е хранлив. Во витамини е претворено како три, четири марули. Јас давам 60 денари парче, а инаку е 300 денари килото, јас го давам парлето 60 за да го пробијам.“
„Денес имаме попуст на краставицата, имаме попуст на пиперката, имаме попуст и кај патлиџанот. Така да ќе бидат граѓаните задоволни. Па беа 140 краставиците, сега се 120, оиперот беше 250 сега е 220, имаме патлиџан кој беше 250, сега е исто 220. На тезгата за пред велигден најбарано е портокалот, патлиџанот секако, краставиците секако, зелката секако и да не ја заборавиме марулата.“
Продавачите посочуваат дека пазарот е стабилен и снабден со свежи продукти, што е најважно во пресрет на Велигден. Дел од нив додаваат дека и покрај поскапувањата кај одредени производи, побарувачката не опаѓа и граѓаните сепак ги купуваат потребните намирници за празничната трпеза.
Дајана Сандева, М-Нет