
Под мотото „Заедно делуваме, заедно придонесуваме“ утре седми мај ќе се спроведе голема еколошка акција Генералка викнед 2022. Акцијата е закажана во 26 општини ширум државата, вклучувајќи ја и Општина Штип. Ќе се чисти на повеќе локации, а учество земаат вработени во претпријатијата, администрацијата, извидничкиот одред, планирарското друштво Лицес, УГД, граѓани и волонтери.
„Генералка викенд акција 2022 година во Општина Штип ќе се спроведе на неколку локации и тоа кај Бања Кежовица, каде ќе присуствуват општинската администрација од Општина Штип, граѓани и волонтери, Населба Дузлак (Сончев град), каде во акцијата ќе се вклучат ПД – Лисец, извидничко друштво Еквинос, Студентски парламент при УГД и волонтери и на улица Косовоска (ридот под поставените антени каде присуство ќе земат вработените во ЈП Исар и ЈП Стипион и волонтери“ – известуваат од општина Штип.
По собирањето на селектираниот отпад од страна на учесниците во акцијата, од страна на ЈП Исар ќе биде соберен и транспортиран отпадот на локација ЈП Исар за негово балирање.
Лаура Стојанова М-Нет