
Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Штип се очекува годинава да влезе во фаза на реализација, откако ќе биде избран изведувач за проектот. По долгогодишните административни процедури, од Општината очекуваат конечно да бидат надминати пречките и да започне реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за градот. Токму овој проект беше една од главните теми на денешната средба меѓу градоначалникот Иван Јорданов и европскиот амбасадор Михаил Рокас. Станува збор за инвестиција што се реализира со поддршка од Европската Унија. На средбата било разговарано и за други проекти поврзани со зелената агенда и развојот на туризмот во општината.
,,Денес во посета на Штип е европскиот амбасадор Михаил Рокас. Имавме една продуктивна средба и разговор на која што споделивме одредени проекти кои за нас како град имаат суштинско значење да се реализираат, а се со поддршка на европска унија, на средства од европските фондови. Навистина интересите и фокусот на Општина Штип се кон реализација на проекти кои се од заедничко значење, а се во делот на зелената агендa, во делот на развој на туризмот, во делот на изградба на пречистителна станица за отпадни води, нешто кое е заеднички интерес и во соработка и партнерство со европските фондови, преку европската делегација се финансираат овие проекти. Јас сум сигурен и убеден, дека ќе продолжиме кон тој пат, кон конечна реализација на овие проекти и кон подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани и во име на тоа сакам да се заблагодарам на амбасадорот и целата делагација од ЕУ во нашата држава , кои ни даваат поддршка.Знаете дека долги години наназад имавме административни пречки во спорведувањето на процедурите за избор на најсоодветен понудувач кој ќе го реализира овој проект. Сметам дека навистина се наогаме во еден момент на финиширање на сите овие постапки и дека во текот на оваа година ќе биде избран најсоодветен понудувач кој веќе ќе влезе во фаза на реализација.“, вели Јорданов
Поддршката за изградбата на пречистителната станица и за другите проекти во Штип ја потврди и европскиот амбасадор Михаил Рокас. Тој порача дека Европската Унија ќе продолжи да и помага на oпштината во реализацијата на проектие кои се важни за граѓаните.
,,Тука сме за да видиме што можеме да направиме подобро во нашата соработка и се разбира да им погонеме на Општина Штип во реализација на плановите се со цел да обезбедиме подобра иднина за нејзнините граѓани. Што се однесува на атмосферските води, тоа е пречестителната станица, тоа е итно прашање кое што треба да се реши и се разбира дека ние сме тука и за овој проект треба да се склучи договор за реализација на овој проект, се надеваме до крајот на оваа година. Што се однесува за реализација на другите проекти со Општина Штип, навистина има многу добра соработка и со општината. Исто така за време на состанокот можеме да слушнеме за други проекти кои што би можеле да ги реализираме со фондовите на ЕУ и да видиме кои се прироритетите на Општина Штип.“, кажа Рокас
Од Општина Штип очекуваат со европска поддршка да продолжи реализацијата на клучните проекти, меѓу кои и пречистителната станица, како еден од најзначајните за градот.
Иван Митев, М-Нет