
Според информациите од Институтот за јавно здравје во Делчево момнтално активни се 106 ковид случаи со што оваа општина е на третото место од општините во Истокот. Меѓутоа, директорката на здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска уверува дека ситуацијата не е толку алармантна, со фактот дека вчера имало само седум позитивни случаи. Според неа причината за пораст на бројот на новозаразени е што дел од младото население не е вакцинирано.
„Ние прво помисливме ајде околу изборите да не е и мерките малку повеќе попуштија, меѓутоа најверојатно има влијание најповеќе тоа што дел од младите луѓе не се вакцинираа. Има и дел од позитивните вакцинирани, иако се асимптоматски, меѓутоа има и вакцинирани. Малку беше алармантно тоа во Делчево што се случи пред два дена имавме 22 позитивни случаи и така се возбуди населението. Меѓутоа не е толку лоша состојбата еве гледам вчерашниот ден имаме тестирани 22, а само седум се позитивни“ – кажа Глигоровска.
Глигоровска додаде дека интерес за трета доза вакцина има, но не и за прва. Причината за ова според неа е што поголем дел од населението во Делчево се веќе вакцинирани.
„Првите пациенти кај нас што беа вакцинирани со Астра Зенека највозрасната група и тие што беа ризични скоро сите мислам дека и 100% се извакцинираа со трета доза и како им доаѓа тој период на можност нели три и шест месеци се вакцинираат. Кај нас во Делчево доста се вакцинирани околу 6000 луѓе скоро се вакцинирани така да нема многу интерес за прва доза“ – додаде Глигоровска.
Од утре ќе започне и вакцинацијата портив сезонски грип. Заинтересираните се пријавуваат екелтронски и како што кажа Глигоровска интерес за сега има.
Лаура Стојанова М-Нет