
Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип со девет натпреварувачи ќе земе учество на силен меѓународен турнир во Ниш, Србија на кој ќе настапат натпреварувачи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Молдавија и Грција.
Станува збор за исклучително силен турнир, на кој доаѓаат најдобрите натпреварувачи од своите држави.
Гладијатор Фајт од Штип ќе настапи со Антонија Тасева во конкуренција минус 60 килограми, Јован Јанковски во конкуренција минус 52 килограми, Андреја Милошевска, Леонтина Миткова и Петра Долдурова во конкуренција минус 65 килограми, Баже Јанев, Михаил Јанев и Максим Иванов во минус 32 килограми и Димитар Иванов во конкуренција минус 42 килограми.
Тренерот Шенол Асанов за М Нет телевизија потврди дека тимот се подготвува за настап на овој турнир кој ќе се одржува во период од 12 до 14 декември, а заедно со Анасов тимот го подготвува и Викторија Варадинова. Гладијатор Фајт очекува одлични настапи и големи резултати и секако освојување на медали, а со тоа Штип, но и Македонија да ги претстават во најдобро светло.
Александар Ванев, М-Нет