
Честа главоболка, нестабилност при движење, нарушена свест и проблеми со горовор се само дел од симптомите што може да укажуваат на мозочен удар, советува неврологот Даниела Ристиќ – Стомнароска. При некои од овие симптоми, клучна е брзата реакција за спасување на пациентитот.
,,Она на што ние обрнуваме внимание тоа е неправилна симетрија на лицето, слабост на една страна од телото, проблеми на говорот, нарушување во свеста, главоболка, нестабилност во одењето, што може да ги видат и самите блиски членови на фамилијата, не самиот пациентит, е да го препознае. Ако се јават некои од овие симптоми треба брзо да се реагира, бидејќи тоа укажува на можен мозочен удар“, вели Ристиќ – Стомнароска
Веднаш да се повика итна медицинска помош, пациентот да се смети во соодветната институција и да му се укаже терапија согласно дијагностиката, предупредува Ристиќ – Стомнароска.
,,Најбитното е времето, значи во третманот на мозочниот удар, времето е најбитната алка во тој синџир. Веднаш да се повика службата на итната медицинска помош, тоа би значело и упатување во соодветната институција, веднаш ќе го презедат персоналот од ургентниот центар, понатаму и скрининг со соодветна терапија и дијагностика кај овие пациенти“, констатира Ристиќ – Стомнароска
Неврологот Ристиќ – Стомнароска апелира дека при појава на одредени симптоми не треба да се чека тие да поминат сами од себе, туку веднаш да се побара итна медицинска помош, нагласувајќи дека кај мозочниот удар, секоја минута е важна.
Ева Тушевска, М-Нет