
Главниот терен на Градскиот стадион во Радовиш ќе се реконструира со тоа што ќе биде отстранет постоечкиот слој со тревата, подлогата и потоа ќе се изврши и замена на дренажата на самиот терен и поставување на автоматизиран систем за наводнување.
Манчевки во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија вели дека парите се обезбедени од „хет-три“ програмата на УЕФА, а реконструкцијата ќе започне кога ќе се намалат високите температури.
Започнувањето на градежните активности на Градскиот стадион во Радовиш ќе значи дека домашните натпреварит Детонит Плачковица ќе треба да ги игра на алтернативен терен.
Во иднина се очекува Градскиот стадион во Радовиш да добие помодерни услови за самиот клуб, но и за верните гледачи.
Александар Ванев, М-Нет