
Академија Пандев го промовираше третото засилување за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.
Ново засилување во таборот на струмичание е Георгие Јанкулов, кој доаѓа од редовите на Силекс. Десниот бек претходно настапуваше за Борец и Железничар Панчево.
Претходно, Академија Пандев се засили со Агрон Руфати и Марио Врдољак.
„Пандевци“ со 12 бодови презимуваат на претпоследното место на табелата, а пролетниот дел ќе го започнат со дуелот против Македонија ЃП на гостински терен.