Вчеравечер се одржа финалето на организацијата спортски игри во Општина Зрновци, награди има за освоените места

По повод празникот Илинден во изминатиот период во Oпштина Зрновци се организираше спортски игри во фудбал, а вчеравечер се одигра финалето на истоимената организација во која учествуваа шест екипи од три општини од регионот. Градоначалникот на општината Борчо Концев им се заблагодари на сите учесници и организатори за учеството и им ја честита победата на победниците.

“Се одигра финалето на спортски илинденски игри 2024 Зрновци , во кое што учествуваа шест екипи од три општини во регионот. Победник на финалето беше фудбалската екипа „Аледар“. Второ место освои фудбалската екипа „Анфенол“, додека трета група освои фудбалската екипа „Дамјан“, вели Борчо Коцев

Во однос на оваа оргранизација се се одвиваше во најдобар ред, а наградите се движее од 30.000 денари за освоено прво место и се до 10.000 денари за освоено трето место

„Им се заблагодарувам на сите учесници и организатори на локалниот младински совет на Општина Зрновци за фер плејот, покажани од спортскиот дух. Помина се од најдобар ред. Освоена прва награда во износ од 30.000 денари, втора награда со износ од 20.000 денари и трета награда во износ со 10.000 денари. Пехари и медали за најдбар стрелец, играч и голман, како и благодарница за сите учесници.“ додава Коцев

Овој турнир се организира веќе 11 години по ред во самата општина и има за цел да ги мотивираат младите да бидат дел од овој спортски дух, кој покрај што нуди награда и натпреварување, сепак допринесува дружба и забава

Лаура Стојанова, М-Нет