
Второто полугодие за учениците во основните и средните училишта ќе започне на 1 февруари. Одлука официјално ја донесе Владата на вчерашната седма седница. Според одлуката, наставата ќе продолжи со физичко присуство на 1 февруари, а одлуката е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно со препораките на УНИЦЕФ.
Претходно на втората седница на Влада беше донесена одлука второто полугодие да продолжи на 1 февруари и продолжувањето да не влијае на крајот на учебната година, а таа ќе заврши на 10 јуни согласно со календарот. На третата седница беше утврден и бројот на наставните денови во учебната година 2021/2022 година во услови на вонредни активности. Со одлуката, бројот на наставните денови во основните училишта се утврди на 172 наставни дена. И одлуката за средните училишта е со иста содржина, што значи дека бројот на наставните денови се утврдува на 172 наставни дена, односно за 158 дена за учениците од завршната година а средното образование.
Како што стои во соопштението на Владата, одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта на први февруари годинава е донесена согласно со епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
Ребека Спасова М-Нет