
Екипата на Новаци ги започна подготовките за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб, Дарко Крстески, денес ја имаше првата прозивка и означи старт на зимските подготовки. Клубот подготовките ги стартува во снежни услови, но тоа не е пречека за почеток на подготовките.
Сепак, снежни услови прават проблеми со тоа што програмите за подготовки на тренерите трпат одредени измени, па мора да се комбирани со тренинг во сала или пак на терен со вештачка трева.
Што се однесува до играчкиот кадар екипата на Новаци во следните денови ќе информира повеќе околу новите засилувања и како ќе изгледа Новаци во пролетниот дел.
Есенската полусезона екипата на Новаци ја заврши на 11. место со 18 бодови забележа пет победи, на три натпревари ремизираше, додека пак на седум натпревари претрпе пораз има позитивна гол разлика од два гола, односно има постигнати 17 погодоци, а примени 15 гола.
Пролетниот дел екипата на Новаци го отвара на домашен терен против тимот на Детонит Плачковица од Радовиш, на 15. февруари. На првото соочување Новаци во Радовиш го совлада Детонит Плачковица со резултат од 2:4 што беше големо изненадување, а тимот на Новаци сега сака одново изненадување против радовишани за успешен старт на пролетната полусезона.
Александар Ванев, М-Нет