
Второлигашот Башкими од Куманово за пролетниот дел продолжува со засилувања со кои сака да направи уште поконкурентен тим и да ја оствари својата цел, влез во Првата македонска фудбалска лига.
Ново засилување во редовите на Башкими е 21-годишниот талент Емир Асани, кој по потекло е од Куманово, а доаѓа од академијата на Шкупи.
Во својата кариера има настапувано две сезони за Арсими, а беше дел и од Работнички.
Претходно, Башкими се засили со Филип Алексовски, Аљбан Мемеди и голманот Амир Јашар.
Башкими во есенскиот дел има учинок од 10 победи, две ремија и три порази и се наоѓа на третото место со 32 бодови, само бод помалку од второпласираната Брегалница од Штип, што ветува неизвесна пролетната полусезона за директен влез во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет