Второлигашко Футсал дерби,Астибо ќе гостува во Велес а во Штип локално дерби

Се разгорува битката за врвот на второлигашката Футсал табела во која три екипи засега отскокнуваат со своите резултати. Екипите на Кеги Моби, Конзули и на Астибо засега се со максимални 9 бодови во првите кола а веќе од следното 4 коло ќе почнат некои работи да се расчистуваат. Претстојат дерби натпревари во Велес, Кеги Моби – Астибо а во Валандово ќе се сретнат екипите на Проект против Конзули. Интересно ќе биде и во Штип на локалното дерби, Кардшлк – Мал Ајакс. Еве ги комплетните парови за ова 4 коло :

20.11. 2021 1. Кардшлк – Мал Ајакс

20.11.2021 2. Црешово топче – Сее Универзитет

20.11.2021 3. Проект – Конзули

21.11.2021 4. Клими – Овче Поле

21.11.2021 5. Велешта – Форца

21.11.2021 6. Кеги Моби – Астибо

Инаку на врвот на табелата се Кеги Моби, Конзули и Астибо со по 9 освоени бодови, но редоследот е поврзан со гол разликата, тимот на Мал Ајакс е на 4 место со 5 бодови а Кардшлк го дели последното место со Проект и со Црешово топче кои засега се без освоени бодови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk