
Второлигашите Беласица и Пелистер мечевите на домашен терен од новата сезона ќе ги играат под рефлектори односно во вечерен термин.
Битолачни веќе го закажаа мечот против дебитантот Камјани од првото коло за недела од 20 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Беласица пак најави додека дозволуваат временските услови мечевите ќе ги играат под рефлектори. На овој начин ќе се овозможи дел од натпреварите да се играат во далеку подобар фудбалски амбиент во вечерен термин, кога и температурите ќе овозможат подобри услови за самите играчи. Во првото коло Беласица на домашен терен ќе игра со Осогово.
Новата сезона стартува овој викенд.
Александар Ванев, М-Нет