Второ полугодие без маски, најавија од Иницијативата „Стоп за задолжителни маски во училиштата“

Иницијативата „Стоп за задолжителни маски во училиштата“ најавува второ полугодие без маски. По повеќето протести низ градовите од државата, од Иницијативата велат дека нема потреба за засилени протести за време на зимскиот распуст, пред второто полугодие. Наместо тоа, децата на на првиот ден од полугодието ќе се појавата без маски, што ќе биде поголем приказ на нивното несогласување и револт.

„Тие се решаваат на друг начин. Се појавуваме сите организирано на првиот училиштен ден во второто полугодие без маски и поголем протест кон мерките од тоа не постои. Ние може да се собираме по улици, да парадираме, да зборуваме за штетноста на маските, но има и поинакви начини коишто се многу поефективни, а тоа е здружени сите заедно родители да си се појавиме пред школо без маски, да си дојдеме на час без маски. Исто како што можеме заеднички да одиме на разни прослави и претстави, кога може тоа да функционира без маски, тогаш не знам зошто не би можело часовите да се посетуваат без маски“, истакна Трајче Петковски од Иницијативата.

Од Иницијативата се со барање за право на избор, како што вели Петковски тие имаат повеќе алтернативи, но не се за целосно укинување на маските, туку за тоа секој родител да избере како ќе го пушти своето дете на училиште. Како поддршка на Иницијативата секојдневно се придружуваат родители, но и лекари и други медицински лица.

„Бидејќи не постои никаква поврзаност со протоколите и реалноста, ние излеговме со тоа барање, односно со промена на протоколите. Маските да се сведат од задолжително на опционално, што подразбира властите да најдат решение. Доколку не успеат да најдат, ние може да им предложиме решенија кои се од другите земји од кои досега примерите можеа да се искористат. Нема поголема активност од тоа да се избориш за сопственото дете да не носи маска на училиште, бидејќи има голем број здравствени импликации по децата, од кардиоваскуларни, имунолошки, алерголошки, псилохолошки и така натаму. Сѐ поголем е бројот на доктори и стручни лица кои се вклучуваат во сето ова за конечно да се промени тој протокол“, додава Петковски.

Протестите беа одржани во Скопје, Битола, Кавадарци, Штип, Куманово, Струмица и Охрид, а Иницијативата има над 9.000 поддржувачи на социјалните мрежи.

Ребека Спасова МНет