
Втор петок празни тезги во Штип, гужва само кај чичко Раде од Лакавица. Иако и овој петок пазарот беше речиси празен, тој вели денес му е најдобриот од кога продава на пазарот, бидјеќи сите што дојдоа, купуваа исклучливо од неговата тезга. Вели 200 парчиња марула од утрово веќе ја нема, а нагло се купува и морков и цвекло, како да е последен петок.
Граѓаните кои што ги затекнавме на пазарот, велат цените не се скапи, ама купуваат само најнеопходното, бидејќи доволно производи им останало од празниците.
Иако денеска тезгите беа речиси без продавачи, сепак и овој петок најмабарани беа мандарините и кивите, а потоа цвеклото морковот и зелените салати. Беа барани и костените и оревите од јаткастите плодови.
Иван Митев, М-Нет