
Продолжуваат блокадите на граничните премини од страна на камионџиите, а има најави да се прклучат и автобуските превозници, премиерот Мицкоски очекува проблемот да се реши. Како што истакна денеска во својата изјава , во процесот е вклучен министерот за надворешни работи. Тој нагласи дека Владата работи во интерес на граѓаните и очекува проблемот што побргу да биде надминат. Најави и телефонски разговор со претседателката на Европската комисија и повторно отворање на темата заедно со земјите од регионот.
,,Уште од септември месец ова прашање е на дневен ред во рамки на нашите разговори со европската комисија и министерот за надворени работи, надворешна трговија задолжен од страна на владата да разговараат за ова прашање. Исто како што сме разговарале за квотите за извос на челик и т.н. Ние работиме во интерес на граѓаните и очекувам барем од тоа што е последна најава да ова се реши, а јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на европската комисија, таа е слижбено отсутна во Индија и очекувам деновите да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме оваа тема на маса, така што од прилика тоа е.“, истакна Мицкоски
Премиерот Мицкоски дополнително нагласи дека тие како Влада бараат варијанта со цел да се изелзе во пресрет на траспортерите.
Видете европската унија си има шенген механизам и таа се држи до шенген механизмот. Ние сега бараме варијанта како да излеземе во пресрет на траспортерите.“, рече Мицкоски
Во мегувреме и автобуските превозници ке протестираат заедно со камионџиите ако не се најде поволно решение. Од асоцијација на автобуски превозници исток се укажува дека евиденцијата во шенген зоната го отежнува и нивното секојдневно работење.
Иван Митев, М-Нет