Врнежите од дожд ја наполнија браната Калиманци, за 40 дена акумулирани се четири милиони метри кубни вода

Внрежите од дожд ја полнат и браната Калиманци. За 40 дена има акумулирано околу четири милиони метри кубни вода. Таму има и повеќе наврнато дожд споредбено со беровско делчевскиот регион.

„Моментално во браната Калиманци има акумулирано 10 милиони метри кубни вода. Кога затворивме на 20 септември имаше шест милиони метри кубни, значи за овие 40 дена има акумулирано околу 4 милиони метри кубни вода. Сега моменталниот доток е два метри кубни вода во секунда што претходно беа 900 литири вода во секунда. На брана Калиманци има заврнато дожд околу 40 литри на метар квадратен, додека беровско делчевскиот регион е малку послаб со 10 литри на метар квадратен.“ – вели Зашов.

Ако се направи споредба со претходната година овој период и сега разликата е очигледна. Денеска веќе има 80 литри дожд на метар квадратен со што се очекува до месец април акумулацијата да биде полна. Со тоа би имало и доволно количина вода за наводнување на нивните наредната 2026 година.

„Ако анализираме минатата сезона овој временски период значи е поволно. Значи минатата година од септември до Нова година не заврнаа помалку од 80 литири дожд на метар квадратен. Сега со овој дожд и претходниот веќе сме на 80 литри дожд на метар квадратен што сметаме дека ќе биде хидрометерологијата позитивна и очекуваме брана Калиманци до почетокот на месец април да биде полна.“ – додава Зашов.

Во меѓувреме врнежите од дожд се добредојдени за житните култури, но не и за оризарите. Произведувачите на ориз од кочанско истакнаа дека еден дожд ја стопира жетвата во наредните пет ден, а истата доцни, па би можело да трае дури до Нова Година.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет