
Градскиот пазар вриеше од народ на последниот петок од февруари во Штип. Сончевото време ги извади граѓаните уште од раните утрински часови. Торбите брзо се полнеа со свежи производи, а најбарани беа зелената салата и спанаќот. На тезгите раздвиженост и гласна пазарска атмосфера. Со насмевки и полни кеси, штипјани го испратија февруари во пролетен дух.
Продавачите на пазарот велат цените се идентични како и претходниот петок, а најмногу побарувачка имаше на зеланата салата, спанаќот, портокалите и кивите.
Инаку, овој петок дополнително се продаваше свежи јајца, речиси на секоја тезга, домашно кравјо млеко, мед, многу домашни зачини за во кујна и домашни изработени земјени садови.
Иван Митев, М-Нет