
Вработените во судската администрација денеска излегоа на едночасовен мирен протест. Бараат зголемување на платите за 30%, исплата на додатоците на плата во висина најмалку од 25%, како и исплата ма разликата на додатови на плата.
„Над 90% од вработените во судската служба земаат плата под просечната, земаат во распон меѓу минималната и просечната плата. Здружението на Судската администрација го организира протест да го изразиме нашето незадоволство. Бараме под итно зголемување 30% на платите на вработените во судската служба поради специфичноста, сложеноста на работата која ја работиме, бараме исплата на додатоци на плата во висина од најмалку 25% и бараме исплаќање на разликата на додатоците на плата затоа што имаше период кога погрешно се пресметуваа истите“ – вели Тасева.
Додатоците на плата се предвиден со Закон, и вработените бараат да им бидат исплатени бидејќи работа има доста, а истата не е платена.
„Тоа се додатоци на плата предвидени во Закон, додатоци за ризи, доверливост и посебни услови при работа. За ова протестиравме и во 2016 година.“ – додава Тасева.
Протестите ќе продолжат по завршување на судската ферија која е на 15 август доколку не се исполнт барањата на вработените во судска администрација.
„Судската ферија започнува од 15 јули од сабота, ова е протест пред судската ферија. По завршување на судската ферија тоа е 15 август ќе продолжиме со изразување на своето незадоволство преку протести и други форми и облици до исполнување на нашите барања.“
Од здружението на судска админстрација во Штип се надеваат дека надлежните ќе ги слушнат и исполнат нивните барања. Предупредувачки протест денеска се одржа пред сите судови во државата.
Лаура Стојанова М-Нет