
Денеска, во попладневните часови вработен во штипска компанија починал на работното место при изведување градежни работи на објект во Скопје. Јавен обвинител наредил обдукција. Според првичните информации, лицето е од кочанско и е на возраст од 58 години. Повеќе информации за овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.