
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.Ч.(48) од с.Мачево, беровско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во временскиот период од 18.03.2022 до 30.06.2022 година, во атар на с.Русиново, беровско, на место викано „Дуџевица“, пријавениот, вработен како референт за сеча и дотур во ШС „Малешево“-Берово, без да изврши преглед и увид на шумска парцела во државна и приватна сопственост, незаконски и противправно дозволил сеча на дрва и издал испратници за транспорт, иако знаел дека парцелата не е во сопственост на Д.Н. и Р.Н., со што била предизвикана материјална штета во вредност од 170.596 денари.