
Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши преки матичните лекарина сите оние кои биле во контакт со носителот на корона вирусот кој обавува јавна функција и поради истата реализира бројни контакти со повеке вработени на уневерзитетот.
Од Центарот за јавно здравје убедуваат дека нема потреба за паника бидејки од направената анкета со позитивниот на коронавирусот е констатирано дека професорите и останатите во контакт ги почитувале протоколите и при разговорите носеле маски. Засега се отфрлени првичните информации со кои наводноо се констатира дека носителот на коронавирусот од секторот информативна програма на УГД редовно не носел маска, но држел социјална дистанца. Кај заболениот се манифестирани сува кашлица, висока температура, треска и отежнато дишење, истиот се јавил кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на неговите колеги.
Согласно неговите одговор дадени во епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажал на тоа дека е потребно тестирање и на останатите кои имале директни контакти. Совесноста на позитивниот на корона вирусот му наложила да ги даде точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и итноста за тестирање. Според информациите на М нет засега се пријавени вкупно 17 лица на пунктовите за тестирање.
По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови.
Инаку да потсетиме на вчерашната најава на министерот Филипче за ограничување на бројот на лица во јавни образовни установи како и на маса во угостителските објекти, а групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавен превоз и задолжително носење маска на отворено дури и кога сам човек се движи, се мерките кои се планира да се воведат ако се оцени дека трансимисијата на ковид-19 е неконтролирана, најави на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Маре Стојилова М-Нет
Монтажа: Дарко Лазев