Воска Спорт ја победи прилепска Победа на пријателски меч

Воска Спорт продолжува со позитивните резултати во рамки на зимските подготовки, откако вчера со минимални 1:0 беше подобра од прилепскиот прволигаш Победа.

Воска во досегашниот тек од подготовките бележи само позитивни резултати, откако со Шкендија одигра 2:2 во Тетово, со 2:1 беше подобра од Арсими од Чегране, со 3:0 го доби штипскиот прволигаш Брегалница, а сега со минимални 1:0 Воска Спорт беше подобра и од прилепскиот прволигаш Победа.

Инаку, Победа претходно загуби и од второлигашот Охрид со 2:1 во рамки на подготовките покрај Охридското Езеро.