Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно, го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Нови детали за пожарот на двокатниот автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно покажуваат дека брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација.

Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот.

Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“  без патници, кој сообраќал на Средно Водно.

Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и седум пожарникари од  Скопската бригада за противпожарна заштита.- Благодание брзата реакција  и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината,  изјави Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на  Град Скопје.

Текстот Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно, го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата е превземен од МАКФАКС.