Водостојот на езерото Калиманци видно намален, се очекуваат поголеми врнежи од дожд и снег

Нивото на водата на езерото Калиманци видно намалено. Ретките врнежи од дожд, но и недостатокот од снег во моментот се причини поради кој водостојот е драстично намален, велат експертите. Дополнително според нив овде значајна улога е и производството на електрична енергија и трошењето на вода, а истата не се надополнува.

Според директорот на водостопанската подружница „Брегалница“ – Кочани, вакавата ситуација не е добра, но очекуваат во нардниот период врнежите да се зголемат, а со тоа да се зголеми и водостојот на акумулацијата Калиманци. Додава дека е период кога би требало да почнат и врнежите од снег за подобрување на сега настаната ситуација.

За разлика од езерото Калиманци, водостојот на река Брегалница во Штип е добар. Во моментот нивото е на 68 до 70 сантиметри, што според Киро Маџунарски е на добро ниво. Но, од друга страна и тој посочува на намалувањето на врнежи. Во 2021 година наврнале 530 литри дожд за ралзилка од претходната 2022 година кога наврнале само 375 литри.

Водостојот на езерото Калиманци варира, а во слична ситуција со видно намалено ниво на вода беше и пред две години. Од оваа акумулација се наводнуваат нивите во кочанско, а водата за наводнување се пушта на почетокот на месец мај.

Лаура Стојанова М-Нет