
Изминатата сабота во Штип во балон салата при ООУ „Ванчо Прке“ се oдржа првиот државен натпревар во спортско качување на новоизградената вештачка карпа.
Младите натпреварувачи на Астибо Климбинг имаа прилика да се натпреваруваат пред голем број на гледачи кои дојдоа во салата се со цел да ги поддржат младите натпреварувачи за време на нивните натпревари.
После долги години Штип доби спортски настан од ваков карактер кој е атрактивен и достапен за сите љубители на модерниот олимписки спорт. На првиот државен натпревар учестуваат околу четириесетина натпреварувачи од 4 клубови од Македонија.
Резултати на штипските натпреварувачи, членови на Качувачкиот клуб Астибо се следниве:
Во категорија У8 машки прво место за Тони Кјалич, во категорија У8 женски прво место за Анастасиа Николова.
Во категорија У10 машки следен пласман: Прво место за Марко Марков, второ место место Јован Папакоча, а трето место за Никола Здравев.
Во категорија У10 женски трето место освои Лана Ефремова.
Во категорија У12 машки, прво место за Давид Берков, а второ место Ангел Стефанов.
Во категорија У12 женски прво место за Ирина Узунова, а трето место за Ангела Јосифовска.
Во категорија У14 машки прво место за Васил Караѓозов, а втото место за Мартин Стојанов. Во категорија У14 женски второ место освои Софија Јорданова.
Во категоријата У16 машки второто место освои Игнат Санев, во категорија У16 женски второ место за Натали Трангалова, а трето место беше Дарија Ристова.
Во категорија У18 машки прво место за Матеј Марков, а пак во категорија У18 женски прво место освои Лабина Димитрова, а трето место за Александра Камчева.

Александар Ванев, М- Нет