
Во четврток на 01 јули започнуваат четврт финалните натпревари од петровденскиот мал фудбал во Кочани. До сега заврши првиот дел односно разигрувањето по групи од 19 тиот по ред турнир во мал фудбал. Во четвротк силите ќе си ги измерат четири групи на два наптпревари.
„Во четврток на први продолжуваат натпревари од четвртфиналните борби. Во 20 часот ќе се сретнат екипата на „Блакна лукс“ и „Паневски“ и во 21 часот „ВЛТ Грдовици“ и „Еликсир“. Другите две четвртфинални натпревари се закажани за 05 јули понеделник. Со тоа ќе се заопкружи и вториот дел од турнирот додека третиот дел ќе бидат полуфиналните натпревари кои се закажани за 08 и 09 јули и големото финале се разбира на големиот празник Петровден 12 јули“ – истакн Сашко Иванов, претставник на Општински фудбалски сојзу Кочани
Досегашниот тек на турнирот се одвиваше без проблеми и од страна на играчите и од страна на судиите.
Петровденскиот турнир во мал фудбал се одвива секоја година пред празикот Петровден и е една од активностите кои Општина Кочани ги организира по повод празникот на градот.
Лаура Стојанова М-Нет