Во финална фаза е реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци, ќе биде пуштена од септември

При крај е реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци, која ќе биде пуштена во употреба на почетокот на новата учебна година. Станува збор за реконструкција која опфаќа поставување на современ гумен под, обновување на плафонот, како и уредување на соблекувалните и дел од помошните простории.

Со обновувањето, салата ќе добие современи услови за реализација на наставата по физичко образование, но и за спортските активности на учениците.

,,Оваа спортска сала се реконстуриа и е при крај со целиот овој процес и може би за првпат во еден ваков формат. Имено се обновува подот, се прави еден модерен гумен под, кој што е специфичен за вакви места, за вакви објекти. Исто така дел од реконструкцијата е и плафонот на самата сала, но и неколку други содржини, како соблекувалните и некои од помошните простории на овој дел на оваа сала. Овој проект кој што го реализираме заеднички со училиштетот, но подржан преку МОН , кои несебично вложува во образованието, пред се во делот на инфраструктурата, пворзана со училиштата, а Општина Карбинци нормално најголем дел од буџеттите од изминатите години, па и сега вложува токму во училипната ифрастурктура.“, вели Паунов

Градоначалникот Виктор Паунов на денешната прес конференција рече дека проектот е целосно финансиран од страна МОН, а резултатит од истиот ќе ги почувствуваат учениците и наставниците во новата учебна година. Директорката на училиштетот Наталија Костова, упати благодарност и до министерството и до општината за можност, училишната сала биде обновена во ново руво.

„Оваа сала очекувам на почетокот на почетокот на учебна година, веќе целосно да биде завршена и пуштена во функција, а резултатите од истата ќе ја почувствуваат дечињата, учениците, но и наставнцитек ои работата овде на физичкото образование. Проектот е целосно финансиран од МОН, изнесува 2 милиони денари.“, кажа Паунов

,,По квалитетна настава, пред се од здравствено, хигиенски и безбедносен аспект за самите ученици во самата организацијa на часовите.“, вели Костова

Инаку, очекувањата се дека ќе се обезбедат подобри услови за ученциите, но и за вработените, како и да се подобри изгледот на овој објект.

Иван Митев, М-Нет